Експертот за врски, Анабел Најт, објасни кои пет неочекувани ерогени може да овозможат максимално уживање во сексот.
Стомакот
Стомакот е во близина на главната ерогена зона, па чувството на исчекување може да биде исклучително возбудливо. Исто така, стомакот е идеално место за играње топло-ладно. Обидете се во устата да држите нешто студено или нешто топло, а со усните да го бакнувате стомакот на партнерот.
Ножните прсти
Многу луѓе ги занемаруваат ножните прсти, но тие не се само за луѓето со фетиш. Всушност, може да бидат исклучително секси место за почеток на добра предигра.
Многумина уживаат кога некој им ги лиже, шмука или гали ножните прстиња.
Колената
Поточно, станува збор за подрачјето зад колената, каде кожата е малку помека. Ова место ретко некој друг ни го допира, па затоа сме почувствителни при контакт.
На тоа место има многу нерви што значи дека е многу чувствително, па може да предизвикате прекрасно чувство кај партнерката или партнерот, со лесно галење или нежни бакнежи.
Надлактица или делот на раката од лактот до рамото
И овде ретко некој нè допира, а станува збор за место кое може многу да нè возбуди. По надлактицата движете се со лесни, кружни движења со прстите и ќе почувствувате сензуално задоволство.
Темето на главата
На темето има премногу нервни завршетоци и е една од најдобрите непознати ерогени зони. Масирајте се еден со друг со партнерот и препуштете се на уживањето, пред да преминете на останатото.
извор: кајгана