Одвоивме неколку совети со чија помош ќе го зачините сексуалниот живот, но и повеќе ќе го подобрите во врската.
1. Спиење
Повеќе сон значи подобра сексуална активност. Студија од Универзитетот Мичиген тврди дека младите жени кои повеќе спијат до 14% се повеќе расположени и подготвени за секс.
2. Запишување на фантазиите
Докторката Лора Берман советува запишување на сексуалните желби, особено ако не сте подготвени да ги кажете на глас. Запишувајте ги и ставете ги во кутија. Кога ќе дојде време за секс, извлечете некоја од желбите и остварете ја.
3. Здрава исхрана
Медитеранската диета може да помогне да ја распламтите сексуалната желба во себе, особено помага кај луѓето со висок крвен притисок и дијабетес тип 2.
4. Мастурбирајте
Експертите советуваат да минувате време сами, особено кога станува збор за мастурбација. Откријте што ви се допаѓа и што ви одговара, а потоа тоа вежбајте го со партнерот.
5. Облечете чорапи
Истражувачите тврдат дека загревањето на нозете доведува до загревање на целото тело. Затоа, облечете чорапи. Некои научници сметаат дека потешко се опуштаме кога стапалата се студени.
Во студија на Универзитетот Гронинген, половина од паровите не можеле да постигнат оргазам, а кога им биле понудени чорапи, успехот пораснал за 80%.
извор: Кајгана