Радио Милева Ништо од бракот

Пејачката на маки: Сопругот на Тања Савиќ не сака да и даде развод (фото) 

Пејачката на маки: Сопругот на Тања Савиќ не сака да и даде развод (фото) 

Пејачката Тања Савиќ среќата ја најде покрај пилотот Мухамед Муки Бешиќ, кој е 11 години помлад, но наводно нејзиниот поранешен сопруг Душан Јованчевиќ не сака да и даде развод, поради што нема да може да се омажи за нов партнер.

Имено, таа пред две години ги потпишала документите за прекин на таа заедница, но другата страна сè одложува.

Изворите велат дека Душан наводно нема да се разведе за Тања да не може да ја официјализира врската со пилотот. Еднаш ја нападнал затоа што го изневерувала. Тоа го поткрепува и изјавата што Душан ја дал за тамошните медиуми кога дознал дека пејачката повеќе не е сама.

– Кога почнавме да излегуваме, таа го изневеруваше нејзиното момче со мене. Кога се врати од кај мене од Австралија, продолжи да се гледа со него. Мене лично тоа ми го призна. Слободно пишувајте се од збор до збор. Знам кој е тој човек. Таа ме изневеруваше, а јас молчев. Не ме интересира нејзиното момче, но разводот ќе го потпишам кога сакам – изјави еднаш Душан за локалните медиуми.

Нововерената Тања повеќе не ја интересира поранешниот и освен што е сѐ уште во брак, во љубовта ужива и со 11 години помладиот Бешиќ. Голубчиќите наводно планираат да го изградат своето љубовно гнездо далеку од Србија, а пилотот наводно ја запросил пејачката на романтична вечера во Египет.

Фото: Принтскрин/КурирТВ/Дамир Дервишагиќ

To top