Се наближува ‘Ноќ на вештерките’, а како и пред секој празник, социјалните мрежи се преполни со разни празнични секс-пози.
Британската компанија „Lovehoney“, која онлајн продава сексуални играчки, долна облека и еротски подароци, во соработка со „Daily Star“ претставила секс-позиција наречена Вампир, а за која пишуваат дека паровите ‘полуделе’ по неа.
Тие наведуваат дека оваа позиција вклучува и нежно грицкање на вратот за да им се оддаде почит на митските суштества, но влијае и на други ерогени зони. Во основа, позицијата е прилично слична на мисионерската, па не би требало да биде тешка за изведување.
Позата вклучува длабока пенетрација, па треба да биде добра за стимулација на Г-точката.
Сексологот Анабел Најт препорачува оваа позиција да ја пробаат сите кои се обидуваат да ги ‘зачинат’ работите во спалната соба.
„Грицкањето на вратот може повторно да ги разгори страстите кои сте ги имале како помлад љубовник, само не одете прмногу длабоко“, наведува таа и додава дека нежното грицкање не треба да остави трага.
извор: точка.мк