Љубов и Секс

Паровите кои имаат перфектен сексуален однос ги прават овие шест работи

Паровите кои имаат перфектен сексуален однос ги прават овие шест работи

Кога врската излегува од фазата „меден месец“ и кога паровите влегуваат во една рутина, тоа често се одразува на сексуалниот живот.

Страста исчезнува, сексот се случува секогаш на ист начин, а понекогаш во исто време.

Терапевтот за парови и сексолог Ајсаја Мекими ја открива тајната на паровите кои имаат прекрасен сексуален живот и по фазата на меден месец.

Тајната е во овие работи:

Си кажуваат „те сакам“

Звучи едноставно, но често заборавате да го кажете тоа кога секој ден имате многу обврски. Искажување на љубов на партнерот е да го цените сето тоа што го прави за вас, а токму тоа може да направи огромна разлика и во интимниот однос.

Се бакнуваат без причина

Кога ќе исчезнат страстите во врските, паровите имаат сè помалку физички контакт и поретко се бакнуваат. Страсните бакнежи кои траат најмалку шест секунди ослободуваат неврохемикалии кои помагаат да се чувствувате блиско и поврзано со партнерот.

Излегуваат на состаноци

Редовните состаноци овозможуваат повторно да бидете љубовници, а не само цимери или пак родители на вашите деца.

Интимноста е приоритет

Добар секс не се случува сам од себе. Паровите кои имаат прекрасен сексуален живот интимата ја ставаат како приоритет, а тоа значи дека прифаќаат сексот да биде важен дел од врската и издвојуваат време за тоа, наместо да чекаат да се случи само од себе.

Се галат

Неврохемикалиите кои се ослободуваат кога се бакнувате со партнерот исто така се ослободуваат и при галењето. Размената на допири помага да се чувствувате блиски, поврзани со партнерот, а можат и да ја зголемат сексуалната желба.

Одржување на сексуална разновидност

Важно е да се потрудите да не „заглавите“ во сексуалната рутина поради тоа што токму тоа со текот на времето ќе ја намали желбата за секс и уживање во тој чин. Затоа обидете се некогаш да ја смените позата во која најчесто имате секс, сменете ја предиграта, местото на коешто имате однос.

извор:курир.мк

Поврзани теми

To top