Пејачката Драгана Мирковиќ со еден гест ги воодушеви фановите.
Драгана со години нагласува дека парите не и се приоритет кога се во прашање настапите. Имено, пејачката има приходи од неколку приватни бизниси кои ги започнала со сопругот и кои исто така се многу профитабилни, па сега пеењето и е хоби и задоволство.
Поради сето ова, не е чудно што Гага пред неколку вечери одби бакшиш од еден фан.
На снимката што ја сподели Драгана на својот Инстаграм, се гледа како некој од публиката и ги дава парите, но таа со насмевка ги одбива. Овој вид на гест е навистина редок, па е уште еден во низата докази дека Гага е навистина единствена и многу внимателна.
Таа и самата редовно истакнува колку ги почитува своите фанови и публиката која со години ја следи и се поклонува бидејќи е свесна дека без нив и таа не би постоела.
фото:Instagram printscreen/dragana_mirkovic