Познато е дека поголем дел од жените не доживуваат оргазам во текот на сексот, а истражувањето покажало кои се најчестите услови кои треба да бидат исполнети за жената да го доживее тоа.
Новото истражување испитувало хетеросексуални жени кои биле во стабилна врска подолга од шест месеци.
Овие дами, логично, имаат поголеми шанси да доживеат оргазам со партнерот, но и психичкиот момент сепак е многу важен. Нејзе најважни ѝ се самодовербата, но и висината на приходите.
Психолозите мислат дека тоа е така поради тоа што жените бараа „алфа мажјаци“ кои ќе можат да ги штитат и да се грижат за нив.
Така жените несвесно ги привлекуваат оние со поголема плата од нив, но исто така истите да имаат самопочит поради тоа што само така ќе можат да бидат доволно мажествени и посакувани.
Сепак, освен овие материјални предности, жените „паѓаат“ и на физичките атрибути, а тоа е ширината на неговите раменици.
Имено, експертите тврдат дека ширината на рамениците се поврзува со количината на тестостерони и биолошка предодреденост.
Тоа во превод значи дека мажите кои немаат доволно широки раменици треба да прават вежби со помош на кои ќе се развијат во тоа подрачје, а со самото тоа ќе бидат попривлечни за жените.