Истражувањето покажа дека жените кои го носат ова на себе имаат 80 отсто поголема шанса да доживеат оргазам. Дали знаевте дека и облеката во која што водите љубов може да влијае на квалитетот на сексуалниот однос? Притоа не станува збор за секси долна облека.
Едно британско истражување преку техника на скенирање на мозокот докажало дека жените имаат 80 отсто поголема шанса да доживеат оргазам кога за време на сексуалниот однос носат чорапи, додека пак таа шанса се намалува на 50 отсто доколку жената не носи чорапи.
Тоа е така затоа што носењето чорапи го подобрува протокот на крвта, дополнително го опушта телото и така помага при достигнување на “врвот“.
Секако за сето тоа истовремено да биде секси, облечете чисти и миризливи чорапи од пофин материјал и со некоја пристојна количина на чипка за да можете дополнително да го возбудите вашиот партнер.
извор:точка.ком.мк