Вистаграм

Овие три земји се најбезбедните дестинации за патување во 2024 година: Изобилуваат со историја, одлична кујна и гостопримство

Овие три земји се најбезбедните дестинации за патување во 2024 година: Изобилуваат со историја, одлична кујна и гостопримство

Впуштањето во авантура за соло патување не е само истражување на нови дестинации – тоа е длабоко патување кон личниот раст. Тоа ќе го потврдат сите оние кои имале прилика сами да патуваат. А кога ќе одлучите да патувате сами, ја отворате вратата кон светот на можностите, предизвиците и искуства кои ќе ве обликуваат на начин на кој не сте ни помислувале.

Според достапните податоци на сајтот за организирање на патувања „Bounce“, три земји, воедно и популарни туристички дестинации, се издвојуваат како најбезбедни за самостојно патување. Тоа значи дека имаат низок степен на евидентирани грабежи, напади на улица, кои се осигурани кога станува збор за претставниците на полицијата и комуналната полиција. Исто така, овие три земји, освен што се безбедни, зрачат со поинаков менталитет.

Луѓето се окарактеризирани како љубезни, гостопримливи и секогаш подготвени да помогнат, пишува journal.hr.

Ова се трите земји според истражувањето на туристичкиот сајт „Bounce“.

 

Норвешка

Норвешка е позната по своите прекрасни природни пејзажи, вклучително фројдови, планини и поларна светлина.


Активностите на отворено како пешачење, скијање и риболов се составен дел од норвешката култура. Традиционалната норвешка кујна често вклучува морски плодови, дивеч и млечни производи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Norway (@visitnorway)

Норвешка е позната по грижата за општеството и заедницата. Таа е земја која постојано котира високо на глобалните индекси на среќа и квалитет на живот. Таа е една од најбогатите земји по глава на жител, главно благодарение на резервите на нафта.

Холандија

Холандија е земја со богата историја, уметност и природна убавина. Нејзините динамични градови, културните знаменитости и посветеноста на прогресивните вредности ја прават волшебна дестинација што ги спојува традиционалното и современото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @netherlandstravelers

Оваа занесна европска земја е позната по своите живописни пејзажи, препознатливите ветерници и шарените полиња со лалиња.

Сместена на западот на Европа, позната е по бројните канали кои минуваат низ градови како Амстердам и Ротердам. Холанѓаните се познати и по својот либерален став. Холандија е пионер во социјалниот либерализам, со политики кои се залагаат за разновидност, еднаквост и еколошка одржливост.

Шпанија

Шпанија, живописната земја во југозападна Европа, хипнотизирачки комбинира богата историја, разновидна култура и прекрасни пејзажи.

Позната по страсниот танц фламенко, светски познатата уметност и живописните фестивали, Шпанија ги поканува посетителите да ги истражат нејзините историски градови, уживајќи во вкусната кујна и топлината на домаќините.

Од препознатливата архитектура на Барселона, до историскиот шарм на Севиља, Шпанија е земја која го слави животот со ентузијазам и стил. Веројатно тоа е одговорот зошто таа е една од најбезбедните земји во Европа.

Извор: Точка

To top