Има една позната статистика: мажите помислуваат на секс на секои седум секунди. Се разбира, веднаш мора да кажеме дека тоа е глупост!
Ако беше тоа вистина – како тогаш би се фокусирале на било што друго во секојдневниот живот? Да не споменуваме дека голем број мажи би се движеле наоколу со постојана ерекција…
Во ред, факт е дека мажите сакаат секс, но тоа не им е најважно во врската.
Ако не им одговараат овие три работи, тогаш покрај ниту една жена на светот нема да се чувствуваат добро.
Разбирање
Мажот сака жената да го разбере и да го доживува како маж. Односно, сака да биде разбрана неговата потреба. Неговата идеална врска е кога партнерката го почитува и го разбира неговото однесување – дури и ако не е совршено!
Потврда
Клише кое навистина е точно: мажите постојано се во потрага по потврда – на работа, во секојдневието и во врска. Тоа не значи дека постојано треба да го разгалуваме и да му велиме: „Добро го направи тоа, браво!“
Доверба
Неосновани љубоморни испади, недоверба и сомнежи. Речиси ништо повеќе од тоа не може да го извади мажот од колосек. Ним довербата им е исклучително важна – особено кога ние им веруваме. Ако на вашиот партнер му верувате апсолутно за сè и имате целосна доверба во него, со тоа му покажувате дека го сметате за добар човек. А, тоа му е исклучително важно.