Љубов и Секс

Овие сексуално преносливи болести немаат симптоми – како да ги откриете?

Овие сексуално преносливи болести немаат симптоми – како да ги откриете?

Доколку сте сексуално активни, сексуално преносливите болести се потполно реална закана, а не нешто што им се случува само на другите.

Повеќето сексуално преносливи болести имаат симптоми кои ќе ви укажат дека нешто не е во ред. Меѓутоа, овие четири опасни болести имаат потполно незабележителни симптоми.

ХПВ

Хуман папилома вирусот е инфекција која најчесто се пренесува, а кондомите не се секогаш потполна заштита. Статистиката покажува дека речиси секој од нас, во еден момент од животот пати од овој вирус, без разлика дали сме свесни за тоа или не.

Доколку имате помалку од 30 години, голема е шансата да не знаете дека го имате тој вирус, бидејќи во тие години е толку чест, што се очекува дека ќе го добиете и ќе исчезне. Дури по 30-тата година се советува редовно тестирање на него. Иако повеќето типови на овој вирус се неопасни, некои од нив можат да предизвикаат рак на грлото на матката, поради што задолжително треба да се прави редовен ПАП тест.

КЛАМИДИЈА

Оваа болест најчесто се јавува кај жените помлади од 25 години. Позната е како тивка инфекција, бидејќи кај повеќето луѓе се јавува без симптоми.

Дури по неколку недели од инфекцијата може да дојде до чуден секрет или чувство на пецкање при мокрење. Но, во тој момент инфекцијата веќе почнала да се шири низ телото, а бидејќи овие симптоми важат за повеќето полови болести, ретко кога се тестира кламидијата. Меѓутоа, доколку не се третира, кламидијата доведува до опасни инфекции кои предизвикуваат стерилитет. Околу 24.000 жени во Америка секоја година стануваат неплодни поради недијагностицирање на кламидија.

ГОНОРЕЈА

Како и кламидијата, и гонорејата е најчеста кај жените под 25 години и повеќето немаат симптоми. Иако се различни, кламидијата и гонорејата најчесто се тестираат во пакет. Доколку не се третира, гонорејата им штети на репродуктивните органи и го зголемува ризикот од појава на ХПВ вирусот. Во екстремни случаи, гонорејата која не се лечи доведува до смртна опасност. Гонорејата, како и кламидијата во текот на бременоста може да доведе до тешки компликации, а исто така се лечи со антибиотици.

ХЕРПЕС

Статистиката кажува дека еден од шест луѓе оболуваат од херпес. Иако повеќето луѓе мислат дека херпесот мора да се покаже во форма на црвени и подуени отоци, тоа не мора да бдие така. Всушност, се проценува дека околу 90% од луѓето кои боледуваат од херпес симплекс 2 (ХСВ2) не се ни свесни за тоа, а тој е одговорен за гениталниот херпес, додека херпес симплекс 1 е оној кој го забележуваме на устата. Меѓутоа и ХСВ1 може да се пренесе од усните на гениталиите, доколку практикувате орален секс. Освен тоа, кондомот нема да ви помогне да ја спречите оваа инфекија бидејќи може да се случи да е инфицирана и кожата која  кондомот не ја прекрива.

Тоа што може да го направите за да ги спречите полово преносливите болести е да практикувате безбеден секс, а покрај тоа, редовно да се тестирате.

извор:среќа.мк

To top