За оваа тема се пишува и полемизира многу, но она што е најинтересно е дека секогаш предизвикува поделени коментари. Меѓутоа, без разлика дали сте за тоа или против тоа, има многу причини поради кои би требало да имате секс за време на менструалниот циклус.
Сексот за време на менструалниот циклус е добар, односно е пожелно да го практикувате, покажуваат резултатите од најновите стручни истражувања. Многу жени можеби не би се согласиле со овие тврдења, но студиите покажуваат дека сексот за време на месечниот циклус ги ублажува грчевите кај жената и создава поголемо задоволство, а оргазмот е многу посилен од било кога.
Меѓутоа, дури и дамите кои немаат никаков проблем со тоа да водат љубов за време на менструален циклус своите потреби не можат да ги задоволат во текот на тие денови, бидејќи не се сигурни на кој начин нивниот партнер би реагирал на таа идеја. Станува збор за деликатна тема за која баш и не е многу пријатно да се зборува, но доколку на мажот му пристапите на вистинскиот начин и темата ја претставите нежно, големи се шансите да наидете на потврден одговор.
Анкетите кои се правени на поединечни портали покажуваат дека петтина од мажите немаат проблем да имаат секс кога девојката е во менструален циклус, додека половината од нив признаваат дека не се воодушевени со таа идеја, но дека би се согласиле.
Она што е интересно е дека жените за време на првите менструални денови имаат зголемено либидо, што е последица на низа фактори. Еден од нив е и силниот крвоток низ вагината. Телото не препознава разлика помеѓу менструална крв и природни лубриканти, па поради тоа жените за време на тие денови се чувствуваат возбудено.
Исто така, матката за време на менструалниот циклус се истегнува и лесно се отвара, па пенетрацијата за време на секс со партнерот е многу поинтензивна, а оргазмите се посилни, така што следниот пат кога навистина ќе посакате да имате секс, не дозволувајте менструалниот циклус да Ве спречи.
извор:точка.мк