Сексот е многу важен сегмент од секоја врска, но овој многу интимен чин достигнува кулминација само кога двајцата партнери уживаат во моментот максимално, без двоумење …
Не ве интересира изгледот!
Водењето љубов е страствен момент во текот на кој, за да уживаме максимално во тоа, целосно им се препуштаме на чувствата.
Во тие моменти не ни е гајле како изгледаме, каква е нашата фризура и дали гледаме целулит. Ако сте се препознале во ваква ситуација, знајте дека имате совршен секс!
На партнерот можете да му кажето точно што сакате!
Секој од нас има различни желби и потреби. Токму поради ова, совршениот секс гарантира комуникација помеѓу партнерите. Ако не се двоумите да го насочите на „вистинскиот пат“ или да му дадете совет за тоа како да ги извршите вашите омилени движења, бидете убедени дека имате одлични сесии.
По сексот се чувствувате слободни и среќни!
Докажано е дека сексуалната врска влијае на работата на мозокот и лачењето на хормоните на среќа и задоволство.
Ако после сексот не можете да ја симнете насмевката од лицето, чувствувате како вашето тело се тресе и трепери и не може да одолее на заморот, знајте дека имате совршен секс.
извор:попара.мк