Љубов и Секс

Овие пет начини ќе ви помогнат да се ослободите од стресот во врската

Овие пет начини ќе ви помогнат да се ослободите од стресот во врската

Не дозволувајте стресот да ви го уништи она што го имате со партнерот.

Доколку кога ќе дојдете дома се чувствувате дека мора да разговарате со партнерот, а тоа ве уништува, тогаш дефинитивно треба да ги примените следниве пет совети за да го исфрлите непотребниот стрес од врската.

Разговарајте

Доколку сте во здрава и нормална врска, тогаш би требало да можете да разговарате со својот партнер за се. Кажете му што ви смета што ве мачи и решете го проблемот за и вас и него да ви биде подобро.

Престанете да очекувате филмски сценарија

Да можеби кочија и букет од 100 рози звучи прекрасно, но само затоа што вашиот партнер не ви го приредил тоа, не значи дека не ве сака. Опуштете се и препуштете им се на чувствата без никакви очекувања, така ќе ги забележите ситниците кои вашиот партнер ги прави секојдневно за вас.

Признајте кога сте виновни

Не дозволувајте вашата гордост да ве уништо. Кога не сте во право, едноставно признајте и помирете се со тоа. На крајот на краиштата – човечки е да се греши.

Имајте разбирање еден за друг

Не може секој ден да ви е прекрасен. Токму затоа, научете да имате разбирање за партнерот и објаснете му дека истото ви треба и вас.

Направете попис на работите кои ве опуштаат

Размислете за тоа што ве прави најсреќни и ве опушта, без разлика дали станува збор за ритуали кои ги правите со партнерот или сами. Издувен вентил на сите им е потребен. Затоа, не ја занемарувајте важноста на тие работи.

извор: Локално

To top