Иако повеќето од нив уште на самиот почеток пристапуваат искрено и отворено, некои едноставно мислат дека подобро ќе пројдат доколку лажат, односно „разубават“ некои работи.
Ова е листа на најчестите работи околу кои мажите лажат на првиот состанок, според порталот YourTango:
Сакале тоа да го признаат или не, жените често ги судат мажите по состојбата на нивната сметка и можноста да придонесуваат за семејството. токму поради таа причина мажите често имаат тенденција да лажат за својата заработка или да се фалат со своите автомобили, часовникот и сличните материјални работи, како би ја импресионирале потенцијалната партнерка.
Станбено прашање
Доколку веднаш на првиот состанок признае дека живее со цимер или родителите, веројатно нема претерано да ве воодушеви. Најверојатно поради таа причина ќе каже дека живее сам, а цимерот ќе го нарече пријател на кој му прави услуга да преспие неколку дена.
Гледањето со други жени
Ова е една од најчестите лаги на првиот состанок. Секако нема да ви каже дека ден пред тоа на ваше место била друга девојка, кој се уште сака да се претставува како женкар?
Фитнес навиките
Тој сигурно слушнал дека изразените стомачни мускули ви се „слаба точка“ кај мажите, па би можел да ве излаже дека баш на нив започнал да работи, пет пати неделно во теретана (во која најверојатно не е ни зачленет).
Последното раскинување
Доколку тој изневерил или направил нешто слично во својата претходна врска, многу е веројатно дека нема да дознаете наскоро, а особено не на првиот состанок.
Вистинските намери кон вас
Можеби навистина сака да започне искрена и длабока поврзаност со вас, а можеби тоа го вели само за да ве однесе до креветот. Навистина е тешко да се дознае, особено доколку не се познавате од претходно.
Извор:Курир.мк