Психологот Џон Готман ги поминал последните 40 години истражувајќи стотина парови, за да го открие клучот на успешните и долготајни врски.
Поточно, ги набљудувал паровите од самиот почеток на нивниот брак и успеал да предвиди и тоа со неверојатна прецизност, кој брак ќе потрае, а кој нема.
Се покажало дека постојат две карактеристики поради кои паровите остануваат во врските – љубезност и великодушност. Сепак, важни се и интензитетот на поврзаноста и интимноста, начинот на кој си придаваат внимание еден на друг и дали обострано одвреме-навреме си подарувале мали знаци на внимание.
Со други зборови, ако сакате вашата врска да потрае, не мора на партнерот да му „симнувате ѕвезди од небо“. Изгледа дека клучот на успешни врски лежи во малите работи, како обрнување внимание на она што го зборува партнерот и коректност за време на повремените расправии, но и позитивниот став во тешките моменти.
извор: точка.мк