Тие тешко го подаруваат своето срце, но кога еднаш ќе го подарат, тоа е до крајот на животот.
Еве за кои 3 хороскопски знаци станува збор:
Риби
Најсензуалниот и најемотивниот знак на хороскопот – кога Рибите еднаш ќе ги подарат своите срце, душа и тело, тоа е до крајот на животот. Тоа се океани од емоции, љубов, бакнежи, допири… Кога врската прекинува, Рибите долго остануваат во својот замислен свет и сè уште се со партнерот во својата имагинација. И понатаму го чувствуваат секој допир и бакнеж.
Рак
Љубовта, домот, партнерот и децата се синоним за Ракот. Тие со години го доградуваат својот оклоп и секогаш се трудат да биде што посилен и поцврст. Но, кога ќе се заљубат, тој оклоп е пробиен и тогаш стануваат есенција на љубовта. Не постои Рак кој не би направил сè за својата љубов, а кај нив љубовта е подеднакво домот, децата и партнерот. Кога ќе раскинат, на Раковите им треба долго време за да го преболат партнерот, а тогаш се повлекуваат во својот оклоп и патат.
Јарец
На прв поглед Јарецот изгледа многу ладно, но кога ќе се стопи тој „леден штит“, тогаш овој хороскопски знак ја покажува својата вистинска душа и љубов. Од сите три знаци, Јарците се сметаат за најемотивни. Станува збор за личности кои тешко ја пуштаат љубовта во својот живот, но кога тоа ќе се случи, тогаш не постои задршка – целосно се предаваат. Тогаш исчезнува прагматичниот и сурово ладниот Јарец. Нивната емотивна страна е толку јака, а од друга толку слаба, кревка и нежна што честопати по некоја голема љубов, некои Јарци остануваат сами до крајот на животот.
Извор: Кармин.точка.мк