Познатата холивудска актерка Салма Хајек на својот Инстаграм профил објави серија фотографии во провокативно бикини, а по тој повод предизвика лавина комплименти од своите следбеници.
Холивудската актерка Салма Хаек ги разбрани своите 23 милиони следбеници на Инстаграм откако објави фотографии и видеа во жолто бикини, со што во преден план ги стави нејзините бујни гради.
– „Убава“, „Мислев дека ова е фотографија од поминати денови“, „Ова е друго ниво“, „Јас сум жена која е заљубена во тебе повеќе од 20 години. Ти старееш наназад“, „Фонтана на младоста“, „Неверојатно што имаш 56 години“, „Убавица“, „Се колнам дека оваа кралица не старее“, „Никој не личи на неа на таа возраст“ – заклучија дел од нејзините обожаватели.
View this post on Instagram
Салма последен пат се појави во јавноста на овогодинешното доделување на Оскарите каде исто така ги воодушеви сите со својот совршен изглед, а каде пристигна во придружба на нејзината 15-годишна ќерка Валентина, која во последно време го привлекува се повеќе вниманието на јавноста, бидејќи како богата наследничка расте под рефлектори.
Имено, покрај тоа што нејзината мајка е позната актерка, татко на Валентина е францускиот милијардер Франсоа-Анри Пино. Тинејџерката со годините се повеќе наликува на Салма, иако има една видлива разлика, а тоа е нејзината руса боја на коса.
Инаку, Валентина е единственото дете на Салма и Франсоа, а ја добија една година откако почнаа да се гледаат. Во брак се од 2009 година, а се венчаа на романтична церемонија во Париз и свадбена прослава во Венеција.
фото: EPA Images/Instagram printskrin