Љубов и Секс

Оваа тактика гарантира незаборавен секс!

Оваа тактика гарантира незаборавен секс!

Д-р Кристен Марк, сексолог од Универзитетот од Кентаки неодамна спровела истражување чии резултати ги објавила на задоволство на оние кои се во долги врски и чиј сексуален живот станал рутина.

Според нејзиното мислење – шепотењето ќе ја разгори вашата страст, а еве и што треба да изговорите да имате неповторлив секс.

Д-р Кристен вели дека шепотењето прави чуда во вашата љубовна постела, само треба отворено да кажете што сакате во сексот, но намоткано во една дискретна лага.

– На поголемиот дел од луѓето им е непријатно сосема да се отворат и да ги кажат своите најскриени сексуални фантазии бидејќи со тоа го откриваат многу ранливиот дел од себе, особено ако таа фантазија е на некој начин контроверзна. Се што треба да направите е да кажете дека сте имале сексуален сон и потоа доволно детално да го опишете она што навистина го сакате – советува д-р Марк.

Според нејзиното мислење, на основа на истражувањето, оваа метода со гаранција работи. На дискретен начин отворено ќе кажете што сакате, на што се надевате и што фантазирате. А никој не е имун на заводливо шепотење на јастукот.

To top