Љубов и Секс

Оваа работа мажите повеќе ја сакаат од водењето љубов, но многу од жените се плашат од тоа

Оваа работа мажите повеќе ја сакаат од водењето љубов, но многу од жените се плашат од тоа

Наводно, мажите мислат на секс на секои седум секунди, а двојно повеќе во текот на пубертетот.

Кога еден маж ќе ѝ пријде на жена и ќе почне да разговара со неа, тоа може да биде само со цел да ја однесе во кревет. Таквите мисли се многу распространети и за жал некако се „вградени“ во нашите мозоци.

Сепак, не се целосно точни.

Џед Дајмонд (73), психијатар и терапевт, објавил истражување на својот блог „goodmanproject“, во кој што обработува теми за машко-женските односи, односно потребите кои што посилниот пол ги има.

„Колку често ја слушаме изјавата: „Мажите сакаат само секс?“ Кога имав само 17 години, бев сигурен дека тоа не е вистина. Во 37-та година од животот почнав да се сомневам во тоа тврдење. Денес, кога имам 73 години, сигурно знам дека тоа не е вистина“ – напишал Дајмонд.

Сигурност наместо секс

Психотерапевтот вели дека долгогодишното искуство со пациентите го довело до следниот заклучок:

„Мажите повеќе од сè сакаат сигурност, дом, безбедност“ – тврди Џед.

„Сексот ни дава чувство на ведрина кога ќе дојдеме дома, а тоа е многу повеќе од сексуално задоволство“ – вели психологот.

Тоа е начин да направите пауза и да се опуштите од секојдневните притисоци за натпревар, кои што особено се изразени кај мажите. Меѓутоа, мажите можат да се откажат од секс, доколку за возврат добијат заштита.

„Една од работите која што најмногу ја сакам е кога се прегрнувам со мојата сопруга, додека таа ме гали“ – вели Дајмонд.

Сепак постои еден проблем со овој тип мажи, на многу од жените не им се привлечни мажите кои што покажуваат нежност.

извор:кармин/точка.ком.мк

To top