Помеѓу двајца луѓе сексуална привлечност или постои или не, но доколку ја има, можете да ја засилите со афродизијаци и тоа оние од храната.
Еве кои намирници можат успешно да ја нагласат желбата за секс, пред сѐ, поради тоа што ја подобруваат циркулацијата, го намалуваат стресот и го ослободуваат хормонот на среќа.
На прво место е ѓумбирот, кој ја подобрува циркулацијата и функционирањето на крвотокот, па со самото тоа ја зголемува и сексуалната желба.
Истото место го дели и црната чоколада, која воедно го намалува и стресот и го ослободува хормонот на среќа.
Свежата краставица ја подобрува циркулацијата и протокот на крв во половите органи, па со самото тоа го зајакнува и либидото. Аспарагусот е богат со витамин Е, кој ја нагласува сексуалната желба, како и авокадото.
Уште малку па на трпезата ќе дојде и лубеницата, чии афродизијачки својства со споредуваат со оние на „вијаграта“, а сето тоа е поради тоа што добро делува на опуштање на крвните садови
извор:нетпрес.ком.мк