Се проценува дека најмалку 10% од жените добиваат барем една епизода на вагинално воспаление секоја година, додека само половина се јавуваат кај својот гинеколог, што остава сериозни долгорочни последици.
Колпит (вагинитис) е воспаление на вагината предизвикано од различни причини и е најчеста причина поради која жените одат на гинеколог.
Најчести причини за воспаление на вагиналната слузница се разни инфекции како што се кандидијаза, трихомонијаза и бактериска вагиноза. Во периодот на менопаузата, кога е намалена количината на естроген, може да се развие вагинитис, кој е проследен со иритација на печење и сувост на вагината, што не е поврзано со развој на бактериска или габична инфекција.
„Болеста се развива поради пенетрација на различни патогени микроорганизми во вагината со неизмиени раце, недоволна хигиена на гениталиите или валкана долна облека. Оваа болест е исто така многу честа во менопаузата, кога често се нарекува атрофичен или старечки колпит. Со почетокот на менопаузата се намалува нивото на половите хормони во организмот, односно се намалува активноста на јајниците, се суши мукозната мембрана на вагината и се појавуваат атрофични промени т.е. атрофичен вагинитис“, објаснила д-р Александра Костиќ, гинеколог-ендокринолог.
Првиот знак е секрет со непријатен мирис
Според неа, најчест симптом на вагинитис, на кој се жалат пациентите кога ќе дојдат во нејзината ординација е – секретот. Покрај тоа, се јавува црвенило, оток, болка при допирање или секс, чешање и чувство на пецкање.
Сепак, секрецијата е во извесна мера секогаш присутна, но количината, изгледот и својствата зависат од влијанието на физиолошките и патолошките фактори. Физиолошки зголемената секреција се јавува во моментот на овулацијата, кога е проѕирна, еластична и пообилна од вообичаеното. Во периодот пред менструацијата е погуста и белузлава. Но, кога секретот ќе стане изобилен, кога има непријатен мирис и кога жената чувствува печење или чешање, тогаш се работи за колпит. Предизвикувачките агенси на колпитот можат да навлезат во вагината на различни начини, главно преку надворешните делови на гениталиите, уретрата, мочниот меур или скротумот.
„Притоа, кај жените кои имале вагинално породување, важна улога игра ниската лузна на перинеумот, бидејќи претставува нецелосна бариера“, објаснила д-р Костиќ.
„Во околу 90% од случаите, зголемената вагинална секреција е поврзана со микробиолошки агенс. Во најголем процент на вагинален секрет се јавуваат бактерии, габи (Candida albicans) и протозои (Trichomonas vaginalis). Заедно со терапијата, задолжителна е и промена на животниот стил. Дијагнозата се поставува врз основа на анамнезата дадена од страна на пациентките, клиничките наоди, како и со земање вагинален и цервикален тест.“
„Тогаш терапијата се заснова на резултатите од анализата на вагиналниот секрет, но се советуваат и промени во животниот стил, како што се носење памучна долна облека, поредовна хигиена, исхрана со повеќе зеленчук и физичка активност. Многу важен елемент за заштита од вагинални инфекции е безбедниот сексуален однос, кој вклучува употреба на презервативи. Притоа, важно е истовремено и партнерот да се лекува, како и партнерите да се воздржат од сексуални активности за време на терапијата“, порачала докторката Костиќ.
фото:Profimedia
извор:точка.ком.мк