Љубов и Секс

Ова се зборовите кои најмногу го возбудуваат партнерот во кревет: Над 75% од жените и мажите најмногу сакаат да ги слушнат

Ова се зборовите кои најмногу го возбудуваат партнерот во кревет: Над 75% од жените и мажите најмногу сакаат да ги слушнат

Мажите и жените паѓаат на различни работи.

Знаеме дека бакнежите по вратот и контактот со очите се некои од главните поттикнувачи на расположението во креветот, но новото истражување на „EdenFantasys.com“ покажа дека дефинитивно е најпосакувано во кревет да се слушнат овие четири збора, пишува „LadBible“.

„Тоа ми се допаѓа“, се испоставува дека е она што најмногу ги пали луѓето во кревет. Од 2.000 испитаници, дури 76% рекле дека во кревет најмногу сакаат да слушаат такво гласно охрабрување од партнерот. Кај мажите овие зборови се дефинитивно први на листата, додека кај жените се на второ место. Единственото нешто што повеќе ги возбудува се бакнежите по вратот.

Грицкањето на ушите и контактот со очи се покажале како следните движења кои најмногу се претпочитаат во креветот, а на 46% од испитаниците им се допаѓа кога и секс играчките се вклучени.

Мажите и жените паѓаат на различни работи

Истражувањата покажаа и дека мажите и жените ги возбудуваат различни работи. Мажите претпочитаат да ги задоволуваат жените орално, наместо обратно. Дури 76% од мажите рекле дека се палат кога орално ја задоволуваат партнерката, додека 56% од жените го кажале истото. Од оние кои не се возбудени од тоа, дури 23% од жените изјавиле дека расположението за секс им паѓа додека орално го задоволуваат партнерот.

Најголем хит, што се однесува до несексуалните фактори, е добриот мирис. Следно меѓу несексуалните фактори е галењето во кревет.

Студијата покажала и дека 37-та година од животот е возраст кога луѓето доживуваат најмногу во кревет, пренесува „Večernjilist.hr“.

Извор: Попара.мк

 

To top