Љубов и Секс

Ова се причините зошто таа ве одбива и го избегнува првиот состанок

Ова се причините зошто таа ве одбива и го избегнува првиот состанок

Многу ви се допаѓа и мислите дека правите се како што треба, но таа сепак одбива да излезе со вас? Ова се некои од причините.

Не е заинтересирана за врска

И покрај тоа што редовно ни се „сервира“ во романтичните комедии, не секоја жена е заинтересирана и подготвена за вистинска, сериозна врска. Причините за тоа можат да бидат различни – преоптоварување со обврски, некој личен проблем, желба малку да „лудува“ со пријателите… Значи, не мора да значи дека не и се допаѓате и можеби сте одличен пар, но таа во моментов не е за врска.

Премногу сте нападни

Важно е каков прв впечаток ќе оставите, што значи дека треба да бидете умерени. Жените обично сакаат кога некој им се додворува, но ако почнете да ја опсипувате со некои ваши приказни, ѝ праќате по 100 пораки дневно и ја викате на пијачка исто толку пати, веројатно ќе ви каже дека „нема време“. Ако веќе сте излегле, обидете се да не инсистирате премногу на физички контакт на првиот состанок, бидејќи на тој начин оставате впечаток дека сакате само секс.

Не сте оригинални

Од нејзина гледна точка, нема ништо кај вас што би ја натерало да каже: „Овој тип е посебен, не како сите други што сум ги запознала“. Секако, не треба да се менувате само за да ја задоволите девојката, туку обидете се да бидете малку покреативни и поразлични, доколку сакате да ја заинтересирате и да ја натерате да ве запознае.

Забележала дека „сте се фрлиле во лов“

Ако сте на јавно место – во кафуле, диско, ресторан…, и почнете да и приоѓате на секоја девојка со надеж дека барем некоја ќе ви попадне на шармот, заборавете на состанокот. Дамите се чувствуваат понижени ако забележат дека на секоја девојка и приоѓа еден дечко затоа што сфаќаат дека тие се само следни на листата на обиди. Тогаш изгледате очајно за неа, и ништо нема да ја одбие повеќе од очајник.

извор: попара.мк

To top