Љубов и Секс

Ако не сте знаеле: Ова се прашањата кои се поставуваат кога-тогаш во врската

Ако не сте знаеле: Ова се прашањата кои се поставуваат кога-тогаш во врската

Сѐ е супер, но не навлегувате во посериозни разговори затоа што не сакате да го расипете тоа што го имате.

За жал, ќе морате да го направите тоа порано или подоцна, а можеби и порано е подобро…

Дали споделувате слични вредности?

На почетокот сѐ се сведува на почитување на вредностите на партнерот. Тој е исто така тука за да ги почитува и признае вашите вредности, без разлика дали се тоа верата, духовноста, здравјето или нешто друго. Ако имате слични приоритетни листи, тогаш сте на добар пат.

Дали ве прифаќаат семејствата?

Некои луѓе се приврзани за своите, некои не. Вашата работа е да одите со таа врска, а не против неа. Ако ве тера да изберете помеѓу него и родителите – бегајте!

Каков ви е сексот?

Ако не се согласувате во креветот, треба да размислите дали навистина сакате да бидете со таа личност.

Што мислите за деца?

Треба да знаете што мисли вашиот партнер за тоа како да не го пропуштите она што ви е важно. Ако не сака деца, не се обидувајте да го промените неговото мислење. Ова е тема за која нема компромиси.

Дали се вклопува во вашата иднина?

Прво запрашајте се каде ќе бидете за 10, 20 или дури 50 години. Дали се гледате себеси со вашиот сегашен партнер?

Дали сте еднакви?

Еднаквоста во врската е многу важна. Ви треба некој кој искрено ќе комуницира со вас; кој ќе слуша и ќе ја дели моќта. Иако звучи едноставно, многу жени не го имаат често ова на ум.

To top