Тестирајте се на секои шест месеци.
За некои од проблемите поврзани со сексуално преносливите болести луѓето не сакаат да разговараат дури ни со лекарите затоа што потекнуваат од интимните односи.
Мислам дека имам кламидија. Кои се симптомите?
Појавата на жолтеникаво-зеленикава густа секреција и печење за време на мокрењето. Но, овие знаци не се секогаш присутни, па тестирајте сами. Итно!
Во врска сум со дечко ми веќе подолго време, а сега брзо ми е дијагностициран ХПВ(humani papiloma virus). Дали тоа значи дека дечко ми ме има преварено?
Не. Можно е да сте се заразиле пред неколку години,а инфекцијата да се појавила допрва сега.
После колку време од сексот се појавуваат првите симптоми на сексуално преносливите болести?
Сексуално преносливите болести чија причина се бактериите можат да ги покажат првите симптоми после неколку недели, додека кај вирусите тоа може да трае година дена, па и повеќе. Најчесто сексуално преносливите болести немаат никакви симптоми.