Љубов и Секс

Ова се најскапите сцени во сексот: Колку заработуваат актерите во филмовите за возрасни?

Ова се најскапите сцени во сексот: Колку заработуваат актерите во филмовите за возрасни?

Можеби многумина се убедени дека актерите во филмовите за возрасни заработуваат многу пари, но вистината е различна.

Отсекогаш се претпоставувало дека платата на актерите за возрасни е многу висока. Земајќи ги предвид соблекувањето, жешката акција и сексуалната активност пред камерата и не е ниту чудно што владее таква теорија.

Сепак, еден од водечките агенти во порно индустријата, Дерек Кеј од „LA Direct Models“ открива дека заработката од таа професија е прилично ниска.

Дерек во својата фирма има над 2.000 вработени (машки и женски порно актери), а како што вели цената зависи од тоа на што се подготвени актерите.

Доколку жените се присутни на анални сцени, двојна пенетрација, тогаш ќе заработат повеќе, но тоа не важи за мажите.

Како што Дерек истакнува, жените во филмовите за возрасни треба да ја имаат главната улога, додека пак улогата на мажот е споредна. Причината за тоа лежи во статистиката дека публиката во филмовите за возрасни 70 отсто е машка, а 30 отсто женска.

Дерек открил дека жените во просек заработуваат околу 1.000 долари за секс сцена со маж, додека пак за секс сцена со жена заработуваат 700 долари. Тие цени варираат за околу 10 отсто, а во зависност од тоа дали актерот или актерката е познат, потоа од нивните години, изгледот, агентот.

„Прва меѓурасна сцена, прва секс сцена со три, четири или пет мажи и слично, дополнително се наплаќаат“, изјавил Хеј за „Independent“ истакнувајќи дека вообичаено работи со сума на пари од 2.000 до 6.000 долари.

Иако разликата во платите меѓу мажите и жените главно владее секаде, порноиндустријата е исклучок.

Филмовите најмногу се фокусирани на жените, нејзините гениталии, тело и лице. Освен тоа, и натаму генерално мислењето е дека жените најмногу губат доколку влезат во оваа работа, прво мислејќи на својот углед. Така мажите во порно индустријата се „поевтини“ затоа што заработуваат од 100 до 150 долари по сцена.

Интересно е дека статистиката покажала дека на секоја секунда, 300.000 луѓе гледаат порнофилмови на интернет, од кои 25 отсто жени, а 33 отсто мажи.

извор: точка.мк

To top