Сексот е интимен дел од врската и на многу луѓе им е прилично непријатно да започнат разговор за тоа, особено ако сакаат некого да критикуваат. Без разлика дали сте во долга врска со партнерот, само се запознавате или веднаш знаете дека тоа ќе биде за една ноќ, треба внимателно да комуницирате и да ги избирате зборовите бидејќи многу лесно можете да ја повредите другата страна.
Секако, експертите велат дека не треба да прифаќате работи кои не ги сакате, но сепак постои граница и некои работи кои не треба да ги кажувате за време на сексот, пренесува „Yahoo“.
Критикување на техниката
Ако кажете некому дека прави нешто погрешно, ќе ја уништите неговата самодоверба, се согласуваат експертите. Заслужувате задоволство, но оставете го тој разговор за после сексот и не почнувајте со критики – кажете што би сакале да пробате, што ви одговара.
Изговарање на погрешно име
Речиси секогаш се работи за името на поранешен партнер, а не на член на семејството или пријател. Најчесто луѓето го изговараат туѓото име во моментот на оргазам, кога за момент го губат умот, на врвот на интимноста, па лесно е да се сфати дека оваа грешка е ненамерна, но секако е огромна за партнер. Покрај тоа, избегнувајте секакви споредби со поранешните партнери.
Прашање за сексуално преносливи болести
Ова прашање е здраворазумно, особено ако зборуваме за краткорочни афери, но креветот дефинитивно не е местото каде што треба да се постави. Односно, ако тоа ве загрижува, дознајте го одговорот пред да легнете, во спротивно ќе му кажете на партнерот дека го доживувате како промискуитетен поради нешто што го направил.
извор:попара.мк