Сексот е интимен дел од врската и многу луѓе се чувствуваат непријатно кога зборуваат за тоа, особено ако сакаат некого да критикуваат. Без разлика дали сте во долга врска со партнерот, сега се запознавате или знаете дека тоа ќе биде само за една ноќ, треба внимателно да комуницирате и да ги избирате зборовите бидејќи многу лесно може да ја повредите другата страна.
Секако, експертите велат дека не треба да прифаќате работи кои не ги сакате, но сепак постои граница и некои работи кои не треба да ги кажувате за време на сексот, пренесува „Yahoo“.
Критикување на техниката
Ако кажете некому дека прави нешто погрешно, ќе ја уништите неговата самодоверба, се согласуваат експертите. Вие заслужувате задоволство, но подобро оставете го тој разговор за после сексот и не почнувајте со критики – подобро кажете што би сакале да пробате, што ви одговара.
Изговарање на туѓо име
Речиси секогаш тоа е името на поранешниот партнер, а не на некој пријател. Повеќето луѓе го кажуваат туѓото име во моментот на оргазам кога за момент ќе го изгубат разумот, на врвот на интимноста, па лесно е да се разбере дека оваа грешка е ненамерна, но секако е огромна за партнерот. Покрај тоа, избегнувајте секакви споредби со поранешните партнери.
Прашање за сексуално преносливи болести
Ова прашање е здраворазумно, особено ако се работи за краткорочна афера, но креветот дефинитивно не е местото за поставување на истото. Односно, ако тоа ве загрижува, дознајте го одговорот пред да дојде до креветот, во спротивно ќе му кажете на партнерот дека го доживувате како промискуитетен поради нешто што направил.
извор:попара.мк