Сексот е работа во која треба да се ужива и сè додека има согласност од двете страни може слободно да се експериментира.
Имајте на ум за грешките кои можеби несвесно ги правите, но секогаш има можност за подобрување.
– Немате доволно самодоверба.
Мажите го обожаваат женското тело и ако мислите дека неколку килограми повеќе се проблем – се лажите. Заборавете ги комплексите и покачете си ја самодовербата.
– Неподвижни сте како дрво.
Бидете активни и откријте што ви се допаѓа, научете го вашиот партнер како да ве задоволи.
– Глумите оргазам.
Ако не успевате да ја достигнете врвната точка, разговарајте со партнерот на таа тема, упатете го кон работите кои ве возбудуваат.
– Не покажувате дека уживате.
Ако тој ве возбудува, покажете му го тоа. Така тој ќе биде посамоуверен знаејќи дека уживате.
– Очекувате од него да мисли како жена.
Не можете да очекувате тој да знае сè што сакате вие, комуницирајте со вашиот партнер, дајте му до знаење што сакате.
– Никогаш не иницирате секс.
Ако никогаш не правите ништо за да му покажете на партнерот дека сакате да имате секс, тој може да помисли дека не сте заинтересирана за него. Мажите обожаваат да бидат заведувани исто колку и жените.