Љубов и Секс

Ова покажува дека на вашиот партнер му недостасува бившата

Ова покажува дека на вашиот партнер му недостасува бившата

Да се биде вљубен во некој кој сè уште живее во минатото и зборува за бившата не е лесно. Некогаш луѓето во новата врска влегуваат пред да ги залечат раните од претходната врска и со тоа дополнително го комплицираат љубовниот живот.

Постојат знаци кои откриваат дека на вашиот партнер му недостига поранешната девојка. Ова се дел од нив:

1. Пријателство со бившата

Нормално е да се остане во добри односи со поранешната девојка кога мажот ќе го остави минатото зад себе и ќе нема повеќе чувства за неа. Но, ако бара различни начини да остане во контакт со неа, тоа може да биде знак дека сепак сака нешто повеќе од пријателство.

2. Споредување

Спомнувањето на името на бившата девојка и присетувањето на минатото, споредувањето навики, личности, вкус за мода и слично може да бидат причини за загриженост. Ако ова мине во рутина, може да го сметате како аларм на кој треба да обрнете внимание.

3. Фотографии и подароци

Ако сè уште има фотографии од бившата на телефон и подароци што ги добил од неа и ги смета за вредни, тоа може да предизвика сомнежи кај вас. Во тој случај треба искрено да разговарате.

извор:курир.мк

To top