Љубов и Секс третата причина е клучна

Ова не е љубов: Нездраво однесување со кое го „гушите“ партнерот

Ова не е љубов: Нездраво однесување со кое го „гушите“ партнерот

Можеби звучи романтично вие и вашиот партнер да се надополнувате, но таа идеја повлекува друга, а тоа е дека не сте комплетни без него/неа.

Иако е невозможно да сакаш некого премногу, сосема е можно некого да „гушиш“ со својата љубов. Можеби ќе ви звучи чудно идејата да можете да го „гушите“ партнерот со своето внимание и посветеност, особено ако сте планирале да го поминете остатокот од животот заедно. Сепак, чувството дека вашата сакана ве „гуши“ е вистински проблем, за кој многумина не сакаат да признаат дека постои.

Нема ништо лошо во тоа да поминете квалитетно време со саканата личност, но другата крајност е кога го „гушите“ партнерот со своите постапки. Можеби поминувате низ фаза во врската во која верувате дека вашата врска може да се подобри ако сте повеќе посветени на партнерот, но тоа нема да се случи ако тој се чувствува како да не може да дише. Еве ги знаците на кои треба да внимавате:

Не сакате вашиот партнер да поминува време со други

Пријателите и семејството се важни луѓе во животот на секој од нас. Без разлика дали сте во брак или не, никогаш не треба да губите контакт со овие луѓе. Ако мислите дека вашиот партнер не треба да ги гледа пријателите и семејството, бидејќи вие ги исполнувате неговите, а тој вашите потреби, во голема заблуда сте.

Верувате дека партнерот ве надополнува

Можеби звучи романтично вие и вашиот партнер да се надополнувате, но таа идеја повлекува друга, а тоа е дека не сте комплетни без него/неа. Партнерот е тука за да биде ваша поддршка, најдобар пријател, љубовник, некој кој ќе застане покрај вас кога е најтешко, но не и некој што ве надополнува. Овој став создава нездрава зависност.

Партнерот повеќе не ве слуша

Дали вашиот партнер има навика да „заталка“ со мислите додека разговарате? Иако има луѓе кои повеќе би слушале отколку да зборуваат, сепак проверете колку често се случува среде разговор да видите дека партнерот веќе не е тука со мислите. Премногу монолози за секоја ситница што ви се случува, ги тера повеќето луѓе да избегаат, барем во нивните мисли.

Проверување на телефонот

Сосема е легитимно да се воспостави политика на доверба во бракот што вклучува телефон без заклучување или заедничка лозинка. Меѓутоа, ако постојано го земате телефонот на вашиот партнер и му ги прелистувате мејловите, гледате фотографии што ги има во галеријата или разменувате пораки со други луѓе, ова не е прифатливо однесување. Тоа е опсесивно и многу тешко се контролира. Уште потешко е да се поднесе такво однесување.

 

извор: kajgana

To top