Љубов и Секс

Ова истражување ја враќа надежта во сите долгогодишни врски

Ова истражување ја враќа надежта во сите долгогодишни врски

Колку има вистинa во тоа дека љубовниот пламен кај двојките кои се повеќе од една година во врска пополека згаснува? Дали љубовниците после неколку години стануваат само добри пријатели кои се заедно од обични навики? Една неодамнешна анкета ги даде одговорите на овие прашања: НЕ!

Истражувањето покажало дека има двојки кои меѓусебно и по неколку децении на соживот чувствуваат голема количина на вистинска љубов. Истражувањето опфати 700 двојки (во просек тие имале 47 години и 21 година заеднички живот), а резултатите беа следните: 48% од испитаниците чувствуваат уште “многу интензивна љубов”, 13% “интензивна љубов”, а 26% е “сè уште заљубен “. Значи, не е исклучена можноста да наидете на принц на бел коњ кој доживотно ќе ве пази и мази, само треба да верувате и никогаш да не ја изгубите надежта!

извор:попара.мк

To top