Љубов и Секс

Ова е убедливо најголемата непријатност во сексот и за мажите и за жените

Ова е убедливо најголемата непријатност во сексот и за мажите и за жените

Жените се срамат да признаат дека нивната желба за секс за време на „тие денови“ во месецот е исклучително голема, а од друга страна, на мажите им е непријатно да ѝ признаат на партнерката дека тоа ги одбива од сексот.

Според многу истражувања, сексот за време на менструација се наоѓа на високо место на листата на најголеми непријатности во спалната соба. На жените идејата за секс за време на менструација им е честопати одбивна бидејќи првото нешто на кое помислуваат е „нередот“ кој може да се случи во таа ситуација.

Истовремено, се срамат да признаат дека нивната желба за секс за време на „тие денови“ во месецот е исклучително голема, а причината за тоа е навалата на хормоните која се случува за време на менструација. Од друга страна, на мажите им е непријатно да ѝ признаат на партнерката дека менструацијата ги одбива од сексот.

Постојат многу митови и заблуди за сексот за време на менструација, а во продолжение прочитајте се` што треба да знаете во врска со тоа.

Лекарите го одобруваат
Од медицинска гледна точка, нема препреки за сексот за време на менструација. Партнерите можат слободно да продолжат со сексуалниот однос во тие денови во месецот, доколку на жената ѝ е пријатно во таа ситуација. Тоа е сосема нормално и безбедно и за двајцата партнери, рекла за магазинот „Health” докторката Тара Форд од Медицинскиот центар за женска сексуалност во Њујорк.

Би можел да ви се допадне
Нивото на естроген и тестостерон е ниско во првиот ден од менструацијата, а потоа почнува да расте. Со растот на хормоните се случува и голем раст на сексуалната желба, па многу жени лесно се возбудуваат за време на менструацијата.

Секако, оние жени кои имаат тешки менструации проследени со болни грчеви, не можат да се фокусираат на сексуалното задоволство, но многу експерти велат дека токму оргазмот е „таблета против болки“ која може да им помогне да ги ублажат менструалните грчеви.

Немојте да заборавите на заштитата
Некои мажи му се радуваат на сексот за време на менструација бидејќи мислат дека жената тогаш не може да за бремени, па дека нема потреба да користат кондоми. Токму тоа е една од најголемите заблуди.

Кај жените чија менструација трае повеќе од 6 дена, може да се случи совпаѓање со овулацијата, а покрај тоа сперматозоидите можат да преживеат од 3 до 5 дена, па може да дојде до ненадејнозачнување.

извор: курир.мк