Зинедин Зидан во целата негова кариера го следи хармоничен брак. Љубовта со неговата сопруга, Вероника Зидан, просто воодушевува. Таа беше со него вечерта, додека на церемонијата за доделување на наградите на ФИФА во Лондон, тој ја доби специјалната награда за најдобар тренер во светот.
Зинедин не го криеше задоволството низ насмевка, додека Вероника по кој знае кој е пат беше до него, и изгледаше прекрасно. Црниот фустан совршено и прилега, а со златните детали таа на својот стајлинг му даде нота на гламур.
Познатиот фудбалер и тренер е во брак со Вероника од 1994 година и со неа има четири сина: Тео, Енцо, Лука и Елијас кои израснале со вистински пример за семејна хармонија зачинета со љубов и брачна среќа.