Радио Милева
Инспирација која чини многу

Ова е најскапиот стих на покојната Марина Туцаковиќ: За пет зборови заработила колку за стан во Белград

Ова е најскапиот стих на покојната Марина Туцаковиќ: За пет зборови заработила колку за стан во Белград

Покојната Марина Туцаковиќ беше текстописецот кој најмногу ја ценат пејачите. Почина на 67-годишна возраст по долго и тешко боледување.

Меѓу многуте пејачки кои со солзи во очите се простија од неа беше и Неда Украден, која многупати соработуваше со Марина, а за неа има само пофални зборови.

Стихот кој на Марина и донесе 100.000 евра е напишан специјално за Неда, пишува „Новости магазин“. Таа еднаш ја раскажа приказната, а предметниот стих е продолжение на рефренот на познатата песна „Зора је“ и гласи „Суза је из ока капнула“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden)

„Песната ми ја напиша покојниот Ѓорѓе Новковиќ и двајцата се расправавме неколку пати за самиот наслов на песната. конечната верзија е „Зора је“. На крајот и се јавив на Марина Туцаковиќ, која напиша само еден стих, и тоа: „Суза је из ока капнула“. Тој стих и донесе над 100.000 евра“, изјави Неда во една емисија.

фото:fejsbuk/Instagram/Marina Tucakovic/Neda Ukraden

Останати вести од Радио Милева