Видеото од неодамнешното раѓање на тројка се шири преку социјалните мрежи, а снимката ја објави самиот доктор.
Д-р Родриго де Роса Филхо од Бразил со своите следбеници на Instagram редовно споделува слики и снимки од пораѓаите, особено оние кои се изведуваат на невообичаен начин.
Таков беше и овој пораѓај, каде што се роди тројка. Две од трите бебиња се родени во амнионска кеса, а третото бебе, Аделин, е ѕвездата на ова видео. Тимот на лекари одлучи да не ја пресече кесата веднаш, туку чекаше седум минути да се разбуди.
Вчера, на свет дојде тројка. И Јоаким е роден во амнионска кеса, и бевме воодушевени. Но, Аделин исто така беше родена во амнионска кеса и ѝ се восхитуваме додека спиеше. Така, имавме привилегија да ја видиме седум полни минути, додека таа се однесуваше како да беше сè уште во стомакот на нејзината мајка. Магија на животот – стои коментар во неверојатната снимка.