По кратка пауза, Бен Афлек се враќа во филмот „The way back“, каде што ја игра улога на средношколски кошаркарски тренер кој се труди да ја одржи контролата на својот живот, додека се бори со алкохолизмот и бракот кој пропаѓа.
Алфек во интервју за „Њујорк тајмс“ вели дека тој филм претставува ехо на неговото лично искуство. Актерот во интервјуто проговори и за неговиот проблем со алкохолот и разводот од актерката Џенифер Гарнер.
„Во животот најмногу жалам што се разведов. Срамот е навистина токсичен. Не постои позитивен исход од срамот. Долго време умерено консумирав алкохол. Почнав да пијам повеќе кога бракот почна да се распаѓа. Тоа беше во 2015-та и 2016-та година. Мојот алкохолизам, нормално, направи уште повеќе брачни проблеми“, признава Афлек.
Афлек и Гарнер во јуни 2015 година објавија дека се разведуваат, а разводот се финализира во 2018 година. Парот започна да се забавува во 2004 година, а се венчаа следната година. Од бракот имат три деца, две ќерки и син.