Нашата редакција ви дава неколку совети како да го направите подобар односот со партнерот, а со самото тоа и да ја зголемите среќата во семејството:
- Бидете искрени кон својот партнер
Не зборувајте работи, кои мислите дека партнерот сака да ги слушне. Тоа е само начин проблемите да се закопаат уште подлабоко, наместо да се отстранат. - Не се плашете од својата ранливост
Не го идеализирајте односот и не се трудете секогаш да бидете силни. Ако постојат проблеми тоа нема да ги реши. - Решете ги проблемите пред да биде доцна
Во секое семејство постојат проблеми, важно е на време да ги препознаете и да ги решите. - Покажете благодарност
Бидете благодарни за малите нешта. Нека тоа ви стане семејна традиција. Среќни не се оние кои имаат многу, туку оние на кои малку им е потребно за да бидат радосни. - Антистрес терапија
Без оглед на тоа дали станува збор за вашиот омилен спорт, читање добра книга или само одмор во мир и тишина, секогаш потрудете се да пронајдете време за решавање на стресот насобран на работното место. - Не трошете време на непотребни работи
Некои работи едноставно мора да ги пуштите да одат по својот тек, наместо на нив да трошите скапоцено време и енергија. - Одвоете се од вашиот мобилен телефон
Времето посветено на партнерот и семејството нека биде време без мобилни телефони, мејлови и повици. - Финансиска соработка
Договорете со партнерот колкав дел од приходот двајцата ќе одвојувате за трошоците за живот, но оставете си и пари на страна за да си дозволите себе си мали женски задоволства. - Не го заборавајте датумот на вашата годишнина
Дури и по 50 години брак важно е да не заборавате датуми. Мал знак на внимание, бакнеж и прегратка ќе го направи денот посебен и без никакви подароци. - Најдете заеднички активности
Некои работи правете ги заедно, без разлика дали станува збор за гледање ТВ, одење во теретана, прошетка во природа или купување намирници.