Не секогаш жената треба да употреби зборови за да знаете дека нешто не е во ред или пак дека таа се чувствува неудобно кога имате секс. Потребно е само да го следите говорот на телото.
1. Не сака да ве погледне
Ако ви дозволи да бидете интимни, но не сака да ве погледне, нешто дефинитивно не е во ред. Доколку при секој обид да ја бакнете таа се врти на страна и не ги отвара очите, тогаш сте соочени со проблем. Возможно е да е срамежлива или да мисли дека има лош здив, можно е вашата брада да ја иритира, а некои жени едноставно не сакаат да се бакнуваат откако сте им дале орален секс. Обидете се да ја поправите ситуацијата, доближувајќи се и бакнувајќи ја додека и ја држите главата. Ако сепак се тргне, прашајте ја што ја мачи.
2. Има празен поглед
Ако потполно се вложувате во сексуалниот чин, а вашата партнерка зјапа во празно, нешто ја мачи. Можно е да е една од жените кои не сакаат секс толку често. Исто така, возможно е да сака да пробате нешто ново, но се плаши да ви каже. Или пак можеби се чувствува како да е во кафез и сака да биде одозгора, за да има повеќе простор за маневри. Дозволете и да биде одозгора и кажете и дека сакате да ја гледате. Во опуштена ситуација, кога немате секс, започнете разговор за нејзините фантазии. Така ќе стигнете до сржта на проблемот.
3. Потполно е пасивна
Ги правите сите правилни потези, и посветувате доволно внимание на сите делови, а таа само лежи, како мртовец. Можеби не сака секс. Или уште полошо, можеби не и се допаѓа сексот со вас. Најлошата варијанта е ако таа мисли дека се што е потребно за сексот е да биде присутна. Во ваков случај, едноставно мора да кажете нешто. Единственото решение за овој проблем е разговорот. Прашувајте дали се чувствува посакувано, дали нешто и недостига, како можете да го подобрите сексуалниот живот.
4. Се однесува како маж
Иако ова е една претерана генерализација, таа можеби сака да стигне до оргазам и потоа не ви дозволува воопшто да ја допрете. Никогаш не ни помислува на предигра… Апсолутно е точно дека сите имаат различни желби кога станува збор за секс. Затоа, не и судете, туку обидете се да дознаете на што се должи ваквото однесување. Ако вие сакате предигра, ќе треба да ја заведете, со сиот свој шарм. Доколку не се грижи за вашиот оргазам, прашајте ја дали се чувствува добро по оргазмот и кажете и дека и вие сакате да се чувствувате исто толку добро колку неа.