Љубов и Секс

Откриено што е тоа што ги тера жените да пијат пред секс

Откриено што е тоа што ги тера жените да пијат пред секс

Загриженоста за изгледот кога ќе ја симнат облеката од себе или за да ја зголемат самодовербата, која покажува дека жените тешко му се препуштаат на задоволството.

Научниците ја истражиле поврзаноста меѓу сексуалните навики и алкохолот, испитувајќи 3000 жени. Тие дошле до заклучок дека 50% преферираат секс откако консумирале алкохол.

Алкохолот им помага да се опуштат, и во креветот да бидат посамоуверени и посмели. Истражувањето покажало дека 75% од жените непосредно пред секс со партнерот пијат по една или две чашки вино, а 6% никогаш немале секс на трезно. Студијата покажала и дека во просек секоја жена која спиела со 8 мажи, дека барем со 5 од нив спиела под дејство на алкохол. Една од 6 жени признала дека немала храброст ниту самодоверба да се препушти во сексуален однос со партнерот додека е трезна.

Иако сексот е синоним за релаксирана забава, а на забавите секогаш е присутен алкохолот, на жените во кревет сепак им недостига сомодоверба. И тоа е вистинската причина зошто пијат.

“Тоа што алкохолот игра клучна улога во нивниот љубовен живот покажува дека жените бараат некаква поддршка кога е во прашање сексот. И додека многумина тврдат дека консумираат алкохол пред секс, бидејќи тоа е процес на ослободување и на заведување, голем процент ќе одбијат да отидат во кревет без чашка вино. Но, многумина ќе изгубат контрола и тука доаѓа до секс за една ноќ”, се вели во соопштението од истражувањето.

To top