Мајка на две деца се вратила на својата професија како ескорт дама откако родила две деца и кажала дека грижата за своите деца ѝ е потешка работа од тоа нешто со кое што се занимава.
Медисон Ештон е позната по ескорт името Кристина Меквин, а неодамна зборувала за тоа како се справува со улогата на мајка и кариерата како сексуална работничка.
„Доколку ме прашате кога и како им кажав на децата за својата професија, веднаш ќе ви кажам дека тоа не беше службено соопштение.
Мојата ќерка на 14 години дозна за мојата професија, а синот дозна од весниците. Колку и да ги сакам своите деца, некако чувствував дека нема да ме почитуваат како мајка.
View this post on Instagram
Познавам многу самохрани мајки и мислам дека капиталистичкиот систем нималку не го наградува одгледувањето на новите генерации“ – изјавила Медисон.
„На мои 20 години ја родив ќерка ми, а набрзо потоа и син ми, од две различни врски. Тогаш излегов од сексуалната индустрија и се обидов да живеам конвенционален живот“ – вели таа.
„Сепак по разделувањето од татковците на моите деца сфатив дека подобро се снаоѓам сама, па ја продолжив кариерата во сексуалната индустрија за да заработам за леб и ги одгледував своите деца.
Луѓето мислат дека работата како сексуална работничка е трауматична, но мислам дека одгледувањето на децата е многу потешка работа“ – вели таа.
извор:кармин/точка.ком.мк