Готвење или чистење, перење или средување на дворот… сето ова покажува дека обрнувате внимание и се грижите за потребите и желбите на партнерот. Плус, паровите кои можат да се расправаат без да се навредуваат, навистина се сакаат.
За време на романтичната врска учиме многу за себе, за другата личност и за другите луѓе во вашиот живот. Врската ве учи многу, и што е најважно, не мора да бидете романтични за да ја докажете љубовта и да бидете во здрава врска.
1. Не го вмешувате минатото во врската
Секој носи багаж во врските. Но, партнерите кои навистина се сакаат, поставуваат граници за да го обезбедат својот сопствен раст, како и взаемно охрабрување кога ќе се појават проблеми од „минатиот живот“. Тие не го користат минатото против својот партнер и не дозволуваат минатото на нивниот партнер да се меша во нивната сегашност. Ова е од суштинско значење за вистинска интимност во врската.
2. Успехот на вашиот партнер не ве загрозува
Ако се вознемирувате бидејќи вашиот партнер работи добро и можеби е поуспешен во кариерата од вас, тоа е огромен аларм за вашата врска. Славењето на успехот на вашиот партнер покажува дека сте тука за него и дека негвата среќа ви е важна.
3. Си помагате и се грижите еден за друг
Ова варира особено од личност до личност и врска до врска, но готвењето или чистењето, перењето или средувањето на дворот или што било друго, особено ако не ви се допаѓа или ви е тешко да го правите тоа, покажува дека обрнувате внимание и грижа за потребите и желбите на вашиот партнер.
4. Делењето простор со партнерот е природно за вас
Не мора да значи живеење заедно, но ако сте во врска со некого и делите заеднички простор и се чувствувате сосема природно, како да сте на вистинското место, тоа е многу добар знак.
5. Луди сте по него
Секоја врска поминува низ период на возбуда и луда заљубеност. Но, после тоа започнува сериозниот дел и покажувањето вистинска љубов. Ќе знаете дека вистинска љубов ако се возбудувате еден за друг иако работите не се возбудливи. Ако гледате серии на каучот со денови и не правите ништо интересно, а уште лудувате по вашиот партнер кога го нема еден час или кога оди на работа – тогаш тоа е знак дека сте во одлична врска.
6. Дискутирате конструктивно
Постои разлика помеѓу расправија и кавга, а паровите кои се во врска долго време учат како да се расправаат на начини што им овозможуваат да се слушаат и да се разберат еден со друг. Паровите кои навистина се сакаат можат да се расправаат без да се поткопуваат, да се навредуваат или целосно да ја прекинат врската.
7. Тука сте еден за друг дури и кога е лошо
Лесно е да се биде со партнер за време на среќни прилики или настани, но како се чувствувате со него кога доаѓаат тешки времиња? Без разлика дали станува збор за операција, погреб или нешто слично, важно е партнерот да е со вас сто проценти во тешки времиња. Ако не е, не сте во добра врска.
8. Најважно, не се срамите за ништо еден пред друг
Ја користите бањата заедно. Не се срамите да покажете кој сте и што сте. Не се срамите да ждригнете или да испуштите гасови пред вашиот партнер. Звучи глупо, но размислете за момент: ако не можете да извршите многу едноставна, всушност потполно неопходна и претежно неконтролирана телесна функција пред вашиот партнер, најверојатно не е вистинска љубов.
извор: Кајгана