Цеца Ражнатовиќ во сабота требаше да настапи во Швајцарија, но дојава за бомба ја спречи во тоа.
Како гром од ведро небо одекна веста дека концертот, кој требаше да се одржи во Швајцарија во саботата вечерта, е откажан поради закана од бомба. Цеца пред инцидентот откри дека ова ѝ се случува првпат во нејзината долга кариера.
-Ова е првпат во мојата кариера да има дојава за бомба. Пред мене настапи Прија, па Лазиќ. Сите чекавме да се смири ситуацијата – изјави пејачката за српски Телеграф.
View this post on Instagram
Да потсетиме, медиумите претходно објавија дека во градот Дитикон требало да настапат Александра Пријовиќ, Дарко Лазиќ, Светлана Цеца Ражнатовиќ, како и раперите Стефан Ѓуриќ Раста, Игор Паниќ Нучи и Михајло Веруовиќ Војаж, но ситуацијата излегла од контрола.
фото:Инстаграм принтскрин