Кога станува збор за орхидеите, мислењата се поделени. Иако многумина веруваат дека орхидеите се цвеќиња кои бараат многу внимание, оние кои ги примениле овие правила знаат дека овој цвет е најлесен за нега дома.
Дополнително, орхидеите се единствените цвеќиња во затворен простор кои немаат земја, па затоа не постои можност да се развијат паразити во нив.
За да имате постојано расцутена орхидеја во вашиот стан, треба да ги следите овие чекори:
1. Дознајте ја возраста на орхидејата пред да ја купите
Орхидеите цветаат на возраст од 1,5 до 3 години. Возрасно растение, кое е подготвено за цветање, треба да има од 5 до 8 пупки. Ако растението е младо и цветало, не е добро. Премногу младото растение нема доволно сила да се опорави од цветањето, па може да се исуши.
2. Не ја поместувајте од своето место
Преместувањето на орхидејата од место до место е вистински стрес за неа. Овој цвет не сака ниту мали движења. Орхидејата реагира на својата позиција на светлина. Доколку сте го преместиле за наводнување, мора веднаш да го вратите на првобитното место. Поместувањето негативно влијае на цветањето.
3. Обрнете внимание на корените
На корените на орхидеи им е потребна и светлина. Наместо керамички садови, многу е важно да се користат пластични пропустливи садови кои ќе им овозможат на корените да учествуваат во процесот на фотосинтеза.
4. Грижете се за светлината
Сончевата светлина е многу важен фактор кој влијае на цветањето на орхидеите. На орхидејата и требаат 10 до 12 часа дневна светлина, во спротивно нема да цвета. Ако во есен или зима цвеќињата немаат природна светлина, мора да ги осветлите со светилки.
5. Соодветна температура
За да може орхидејата да процвета, ноќната температура треба да биде за 4 до 6 степени пониска од дневната температура. Во текот на летото се препорачува орхидејата да се чува на отворено, додека во текот на зимата просторијата во која престојува орхидејата мора да се проветрува.
Но, бидете внимателни – орхидејата не сака промаја!
6. Наводнете ја орхидејата правилно
Пред и за време на цветањето, орхидејата треба да се наводнува со прекини. Во периодот на мирување, полевајте ја орхидејата на секои 12 дена. Ако листовите и се бледи, оставете ја да одмори малку. Кога ќе ја полевате, натопете ја во вода и оставете час до два. Потоа добро исцедете го вишокот вода и вратете ја орхидејата на своето место.
7. Влажност на воздухот
Друг важен услов за цветање на орхидејата е влажноста на воздухот. За да ја зголемите влажноста, ставете чинија со вода до орхидејата. Во текот на зимата, кога е вклучено греењето, прскајте го растението со вода. Орхидејата сака влажност на воздухот до 60%.
8. Изберете го вистинското ѓубриво
Орхидејата сака калциум и фосфор, бидејќи тоа го поттикнува цветањето. Никогаш не ја полевајте орхидејата со ѓубриво на база на азот, тоа само ќе ја уништи.
9. Орхидејата мора да се исплаши
За да ви процвета орхидејата потребен и е малку стрес! Да, добро слушнавте! Мора да го направите ова ако орхидејата ги има сите услови и не може да цвета. Ова се случува затоа што орхидејата се чувствува премногу добро. Затоа треба малку да и се „заканувате“, да ја шокирате: намалете го наводнувањето или преместете го растението на поладно место!
Забелешка: Кога орхидејата ќе престане да цвета, мора да се грижите за неа на ист начин како кога цветала.
Се пресадува по 2 до 3 години, а кога корените ќе почнат да „излегуваат“ од саксијата.
Исто така, орхидејата не сака „удобна“ саксија, затоа внимавајте кога ја пресадувате тоа да е во помала саксија што ќе ги држи корените блиску еден до друг.
Извор: Курир.мк