Која е вашата омилена боја – тоа е дефинитивно едно од прашањата кое можете да го добиете на првиот состанок, а доколку потенцијалниот партнер е лукав, всушност се обидува однапред да дознае на што може да се надева во креветот.
Имено, бојата може многу да каже за карактерот на личноста, а меѓу другото, може да покаже и каква е таа личност во сексот.
Црвена – очекувано, асоцира на страстна личност која знае да ужива во сексот, сака да преземе иницијатива и бара слични партнери во креветот.
Виолетова – открива личност на која сексот ѝ е само губење на време, така што жените размислуваат повеќе на фризурата отколку на уживањето, а мажите тоа го прават како да е некоја здодевна обврска – го избегнуваат по секоја цена.
Портокалова – ова е омилената боја на личностите кои сакаат да остваруваат фантазии во креветот. Ќе направат сè за да ја поттикнат имагинацијата на партнерот, а обожуваат предигра и нежност.
Сина – боја на личности кои го гледаат сексот како уметност на која ѝ пристапуваат со елеганција и стил, а особено се добри мажите кои ја сакаат оваа боја бидејќи тие ќе направат апсолутно сè за да ја задоволат партнерката.
Розова – ја сакаат заводниците, жените на кои флертот им е воздух и вода, но всушност покажуваат повеќе отколку што можат да понудат бидејќи се сексуално незрели. Мажите кои ја сакаат розовата боја често ги менуваат партнерките, а аферите им се речиси фетиш.
Сива – омилена помеѓу несигурните и неодлучни љубовници кои имаат проблем со прифаќање на обврски, а сексот не им претставува ништо повеќе од задоволување на потребите.
Зелена – ја сакаат вредните и нежни партнери, мажи кои се полни со разбирање и спремни да ја исполнат секоја желба на партнерката додека жените се толку посветени што секој секс го доживуваат како да им е првпат.
Жолта – оваа боја им е омилена на личностите кои се субмисивни во креветот и никогаш не ги одбиваат желбите на партнерот кои им се многу поважни од нивното сопствено задоволство.
извор:нетпресс.ком.мк