Зависноста од секс навистина постои, а научниците за ова го обвинуваат хормонот окситоцин.
Спротивно на тврдењето дека еден од 10 мажи и една од 12 жени се зависни од секс, многумина одбиваат да поверуваат дека тоа навистина е еден облик на зависност и дека навистина постои. Научниците открија дека оваа зависност е поради хормонот окситоцин. Овој хормон е виновен зошто луѓето чувствуваат потреба да остварат близина еден со друг.
„Оние кои имаат зголемено ниво на хормонот окситоцин во телото чувствуваат привлечност кон неколку луѓе во исто време, што ја зголемува потребата од секс“, пишува Daily Мail. Хормонот прави да имаме повозбудлив секс.
Истражувањето спроведено на Универзитетот во Шведска опфати 60 возрасни луѓе, воглавно мажи кои се „лечат“ од сексуална зависност.
„Многу зависници не можат да го контролираат своето однесување и тоа може да има негативно влијание на нивните животи, од растурени врски и бракови, па сè до депресија и анксиозност“, вели професорот Јуши Јокинен.
Според неговите зборови, сексуалната зависност е медицинска дијагноза која има невробиолошка причина. Минатата година Светската здравствена организација ја прогласи зависноста од секс како ментално пореметување.
„Ова истражување има за цел да покаже како со терапија може да им се помогне на „зависниците“ од секс да го контролираат овој проблематичен хормон“.
извор: кајгана