Радио Милева

Огњен Врањеш официјално се разведе од сопругата

Огњен Врањеш официјално се разведе од сопругата

По аферата на Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш, босанскиот фудблер во понеделник официјално се разведе од неговата сопруга Даниела, пишува курир.рс

Во присуство на двајца адвокати, парот се развел на мирен начин, а останале во добри односи поради нивната ќерка, а Огњен ќе плаќа 3 000 евра алиментација за ќерката.

„Огњен и Даниела повеќе не се во брак. Сега се слободни и може да се посветат на нивните животи. Процесот кој траеше неколку месеци заврши во понеделник. Се помина како што треба бидејќи двете страни се договорија дека е најдобро да не бидат во заедница“ вели извор и додава:

фото: Немања Николиќ

„Последните месеци имаа бурен период и не можеа да функционираат како заедница, а најмногу им влијаеше врската на Огњен со фолк ѕвездата. Даниела не сакаше да толерира и веднаш поднесе барање за развод. Сега случајот е затворен и поради детето одлучија да останат во добри односи. Се разделија на мирен начин и веруваат дека ќе фунционираат подобро отколку во заедница“ објаснува изворот и додава дека Врањеш е посветен татко.

„Огњен поминз низ пекол кога во медиумите како бомба одекна веста дека е во врска со Јелена Карлеуша. Остана без жена, беше исфрлен  од репрезетанцијата, а мораше да го напушти и фудбалскиот клуб за кој игра. Но, сега работите се враќаат во нормала. Се вработи во клубот АЕК, а со сопругата е во подобри односи отколку кога беа во брак. Огњен гради подобар живот во Грција, ќерката го посетува и сега е во најдобар ред“ вели изворот.

фото: Немања Николиќ/ принтскрин/инстаграм

Овие пишувања ги потврди и Врањеш.

„Точно е дека со сопругата ставив крај на бракот. Официјално сме разведени. За разлика од некои, мојата поранешна сопруга има достоинство. Имаме прекрасно дете и ќе направиме се да бидеме во коректни односи“ вели Врањеш за курир.рс

Фудбалерот ги прокоментира и шпекулациите дека бил со пејачки.

фото: Принтскрин/инстаграм

„Пејачките не ме интеренсираат. Бев со оние со кои сакав да бидам.  Тие кои се фалат дека сум ги бркал го прават тоа за да го привлечат вниманието преку моето име, користејќи ја ситуацијата која беше актуелна“ вели фудбалерот.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/aferata-prerasna-vo-porno-skandal-bosanskiot-fudbaler-ognjen-vranjesh-objavi-eksplicitni-fotogrfii-od-karleusha-foto-18/

За потсетување, аферата Карлеуша – Врањеш започна пред неколку месеци кога во медиумите беа објавени експлицитни фотографии кои наводно пејачката му ги праќала на Врањеш.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/najnovo-jelena-karleusha-ne-veruvajte-srpskite-tabloidi-ve-lazat/

To top