Љубов и Секс

Однесувања на кои треба да обрнеме внимание на првиот состанок: Три црвени знамиња

Однесувања на кои треба да обрнеме внимание на првиот состанок: Три црвени знамиња

Излегува дека тие црвени знамиња веќе биле таму на вашиот прв состанок, едноставно не сте биле свесни за нив? Заслепени од неговиот ласкав и совршен изглед, разбирливо е ако успеете да го превидите фактот дека тој не е толку фин тип како што ви се претставува.

Ваквите ситуации водат до скршени срца затоа што се надевате на погрешен човек.

Одложување

На сите ни се случува одвреме-навреме да задоцниме некаде, било на работа или на дружење со пријателите. Но, ако знаете дека одите на прв состанок со некого, навистина е важно да се потрудите да пристигнете на време. Експертите за врски тврдат дека ако некоја личност доцни на првиот состанок и не покаже дека е особено вознемирена поради тоа, тоа може да биде знак дека не е подготвена да се посвети на нова врска. Ако ви се случи оваа ситуација, тоа може да биде првото предупредување дека нешто не е во ред.

Премногу алкохол

Една или две чаши вино може да бидат токму она што ви треба за да се опуштите на првиот состанок, бидејќи неизбежно е да бидете нервозни првиот пат кога ќе излезете со некој што навистина ви се допаѓа. Сепак, навистина треба да внимавате колку пијачки нарачува момчето со кое сте на состанок. Ако премногу пие, тоа може да биде знак дека има проблем со себе, а тоа не е врска во која сакате да влезете.

Премногу чувства (за почеток)

Иако е навистина одлично да се биде на прв состанок со некој кој ви возвраќа на вашите романтични чувства, она на што треба да внимавате е прекумерната наклонетост. Љубовното бомбардирање е тактика што ја користат нарцисите и манипулаторите за да ве приближат што е можно поблиску до нив. Значи, ако претера со комплименти, романтични гестови и подароци на првиот состанок, тоа е црвено знаме што не треба да го игнорирате. Иако е во ред еден дечко да се обиде да го освои вашето срце, треба да има некои здрави граници во целата приказна.

Извор: Попара.мк

To top