Добро е познато дека одредена здрава храна брзо и значително го поттикнува либидото. Изберете нешто од овој список и пред вас ќе биде многу возбудлива вечер.
Афродизијаците се дефинираат како храна, пијалак и супстанции кои што го поттикнуваат и зајакнуваат сексуалниот нагон.
Најприроден начин за зголемување на сексуалната желба, се следните намирници:
Мака
Перуанската билка мака потсетува на коренот од целер. Како што тврдат научниците, маката го ублажува стресот и симптомите на менопауза кај жените, додека пак кај мажите може да го зголеми сексуалниот нагон и да го подобри движењето на сперматозоидите поради што неретко ја нарекуваат и „природна вијагра“. Воглавно се консумира со јогурт, кефир или пак како додаток во смути за зголемена енергија.
Чоколадо
Покрај тоа што е вкусно, чоколадото содржи и кофеин и теобромин кој што ја стимулира невротрансмисијата во мозокот како и фенилетиламинот и серотонинот кои што го подобруваат расположението. Оние кои што се задолжени за чувство на среќа можат да ја имаат додека уживаат во чоколадните нешта, а истражувањата покажале дека тоа ја поттикнува и потенцијата.
Мед
Т.н. „афродитен нектар“ според некои од истражувањата, го поттикнува создавањето на тестостерон затоа што изобилува со витамин Б комплекс. Добро познатата мешавина од мед и ореви е начин на кој што може да им се помогне на мажите кои што патат од еректилна дисфункција.
Шафран
Овој здрав зачин спаѓа во најскапите поради неговите многубројни предности, а најценет е поради тоа што помага во лечењето на депресија, намалување на стресот и фактот што го поправа расположението. Тој изобилува со нутриенти, а само дел од нив се: протеини, липиди, пектин, целулоза, алдекиди, бета каротен…
извор: точка.мк